Според Пановски, несериозно е да се менува Филипче во време на пандемија

Микробиологот Никола Пановски во гостувањето во Утринска на Телма упати критики кон младите, кои според него не се тестираат и користат лажни сертификати

„Така се добиваат нереални бројки во однос на позитивните. Во време на пандемија сите треба да се лекуваат во јавното здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот. Што се однесува до министерската промена во здравството, при ваква состојба во здравството, во време на пандемија, сметам дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче“, рече Пановски.

Back to top button
Close