Според првичните резултати десниот блок води на изборите во Шведска

Првичните резултати од вчерашните парламентарни избори укажуваат дека е можна нова влада по осумте години владеење на социјалдемократите.

Партиите Умерени, Шведски демократи, Демохристијаните и Либералите по  пребројувањето на мнозинството гласови освоиле 175 места во Парламентот, кој има вкупно 349 места наспроти 174 места на левиот центар.

Конечните резултати ќе бидат објавени в среда поради тоа што допрва треба да се пребројат гласовите од странство и пристигнати по пошта, а разликата меѓу двата блока е многу мала

Произлезена од неонацистичккото движење од крајот на 1980-ите, Шведски демократи првпат влезе во парламентот во 2010, кога освои 5,7% гласови, што се зголеми на 17,5% во 2018.

Back to top button
Close