Според Вучиќ луѓето на протестот, по налог на “агентури”, се движеле лево-десно за да изгледа дека се повеќе

Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека учесниците на протестот на 15 март во Белград се движеле се движеле од едно на друго место по налог на странски агенции за да се чини дека ги има повеќе, предизвика бран на критики во српската јавност. Соговорниците на весникот „Данас“ го оценуваат како бесмислен и очајнички обид да се минимизира значењето на масовните демонстрации.

„Тоа се учи, тоа агентурите преку невладините сектори и преку сите тие движења што ги организираа… Некои одат лево, други одат десно, а потоа овие се враќаат десно, а овие лево. Зошто? Затоа што кога одите, кога се движите, заземате пет до осум пати повеќе простор отколку кога стоите“, рече Вучиќ за време на гостувањето на телевизија Пинк во вторникот.

 

Александар Губаш од Архивот на јавни собири, организација која брои учесници на јавни собири, оваа изјава на претседателот Вучиќ ја оцени како бесмислена и рече дека го насмеала.

 

„Искрено, сè уште не можам да престанам да се смеам кога ги замислувам моите колеги од невладиниот сектор како вежбаат кореографија за митинг со илјадници граѓани, веројатно по наредба на Бајденовиот УСАИД. Она што е подеднакво апсурдно во изјавата на претседателот е идејата да се постави кореографија за да се лажира бројот на луѓе, затоа што кога ги броите лушето, вие ги броите, а не тргнувате од визуелни впечатоци“

 

Тој наведува и дека е сосема небитно дали на метар квадратен има 0,2 или три лица.

 

„Затоа не е важно дали има 0,2 или три на метар квадратен – можете да создадете лажен визуелен впечаток, но не можете да создадете лажни луѓе за броење. Меѓутоа, претседателот не го знае тоа бидејќи никогаш не броел и не ја разбира работата“, истакнува Губаш.

 

Новинарот Бранко Чечен смета дека Вучиќ веќе нема начин да му ги објасни на светот, но и на своите гласачи снимките од протестите, во кои, како што вели, има снимка од напад врз мирни граѓани.

 

„Па, како може рационално да им ги објасни на своите гласачи и на светот снимките од нападите врз мирните граѓани? Не може Нема како. Ако единственото што му преостана е илјадници повредени луѓе, тбремени жени, деза и старци да ги прогласи за платени глумци кои се фрлаа на жардиниерите да се самоповредат само за да му напакостат, тој е едноставно очаен“, вели Чечен

 

Тој наведува и дека со ваквите изјави Вучиќ најверојатно се подготвува за нови избори за кои, според нашиот соговорник, претседателот „гласно сонува“.

 

„Само патетичен обид да се спаси дел од авторитет што му остана со неговите малкумина поддржувачи кои нестрпливо чекаат да каже нешто убедливо. Претпоставувам дека се подготвува за тие избори за кои фантазира гласно, немам поим. На крајот на краиштата, тој покажа кој е и што е, секој понатамошен ангажман во неговиот мисловен процес е излишен. Нека ги зачува своите ‘објаснувања’ за надлежните органи. Кога ќе проработат“, нагласува Чечен.

 

Студентката во блокада од Факултетот за политички науки, Милица Сретеновиќ, изјавата на претседателот Вучиќ ја оценува како апсурдна.

 

„Не можам да разберам колку глупости можат да излезат од устата на овој човек. Дали луѓето навистина го слушаат ова и да мислат: ‘Па, да, логично’. До кога такви луѓе ќе владеат со овој народ и што друго треба да направи или да каже за ова малцинство луѓе кои остануваат да го поддржат за да сфатат дека тоа што го прави не е нормално“, вели Сретеновиќ.

 

Според проценката на Министерството за внатрешни работи (МВР), на шпицот на собирот на сите локации во Белград на 15 март имало околу 107.000 луѓе, а најголем број биле од внатрешноста на државата.

Од друга страна, Архивот на јавни собири го процени бројот на учесници на протестот на 15 март од 275.000 до 325.000 луѓе, што е значително поголем од проценката на МВР. (nezavisen.mk)

Back to top button
Close