ВИДЕО: Спречен тежок инцидент во Tирана – автомобил камиказа ровараше на плоштадот 

Околу 13 часот денеска на плоштадот ,,Скендербег,, во Тирана автомобил со голема брзина  се упати кон толпата на луѓе , но беше спречен да направи каратстрофа од страна на  едно 22 годиншно момче кои се фрли врз возачот  и истиот го неутрализира , за да потоа група на случајни минувачи му го одземаат возилото . Според првичните информации на полицијата лицето кое ровареше со автомобилот  е албански државијанин Арбен Ќазими ( 35 г). Ако возачот не беше спречен  инцидентот ке завршеше со голем број на жртви наведуваат електронските медиуми во Тирана .

Истите извори наведуваат дека кај него е пронајдена дрога а истиот исто така бил под дејство на наркотици. Медиумите информираат дека ,,Во изјавата  дадена за полицијата возачот на автомобилот рекол дека не се секава каде влегол и мислел дека е во автострада,,  .

Албанските медиуми јавуваат дека институциите засега немаат дадено информација кои се причините за овој инцидент и дали истиот е поврзан со денешните избори кои се одржуваат во Албанија .

КМ

Back to top button
Close