СДСМ: Спутникот на Мицкоски – Левица не гласаше за повисока минимална плата

Кога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата.

Заедно со пратениците на ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН кои не гласаа за, а во салата не беа ниту пратениците на ДУИ.

За повисока минимална плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата и пратеникот Миле Цеков.

Уште еднаш се потврди дека СДСМ е единствена вистинска опозиција која искрено се бори за работниците, за граѓаните и против криминалот на арамијата Мицкоски.

Спутникот на Мицкоски, неговата партија на далечинско -Левица работи само под команда. Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица.

Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата. Не влегоа во салата, не дадоа ниту еден глас за повисока минимална плата.

И тоа на кој ден? Токму на Светскиот ден за пристојна работа.

Левица е партија за ништо, против НАТО, против ЕУ, со лажни работнички пароли.

Работниците не живеат од пароли. Не ги плаќаат сметките со соопштенија и не ги полнат фрижидерите со политички претстави. Им треба повисока плата.

СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата, за работниците, за граѓаните.

Back to top button
Close