Србија ги укина ковид пропусниците, маските во затворен простор само препорака

– Српскиот Кризени штаб за борба против коронавирусот донесе одлука за укинување на Ковид пропусниците од сабота, соопшти министерката за труд и социјлани прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, 

 

Ковид пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот.

Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека делта сојот на коронавирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање.

Како што кажа Кисиќ Тепавчевиќ, се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.

-Кога станува збор за изолација на пациентите, таа се уште е во сила бидејќи тоа е основната антиепидемиска мерка, која опфаќа изолација од седум дена, доколку е потребно и подолго, изјави таа за медиумите по седницата на Кризниот штаб.

Се препорачуваат дополнителни, четврта бустер дози на вакцината за оние над 18 години, пет месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години, најмалку пет месеци по примањето на втората доза, кажа Кисиќ Тепавчевиќ, додавајќи дека е укинат и карантинот за лицата кои биле во контакт со заразени лица.

Back to top button
Close