Србија привремено ја затвори амбасадата во Киев

Србија привремено ја затвори својата амбасада во Киев и активностите ќе продолжи да ги извршува од Белград, јави МИА од Белград.

„Амбасадата на Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на нашиот персонал, а персоналот на тоа дипломатско-конзуларно претставништво ќе продолжи да работи од Белград до исполнување на условите за враќање – соопшти српското МНР.

Во соопштението се додава дека тројца дипломати и еден службеник на амбасадата ја напуштиле Украина и безбедно се евакуирани.

„За сите граѓани на Србија кои се уште се во Украина помош ќе има нонстоп во наредниот период, а на располагање им се и амбасадите на Србија во земјите кои граничат со Украина – се наведува во соопштението.

На 13 февруари, Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Република Србија кои престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, а оние кои имале намера да патуваат во Украина добиле совет да го одложат своето патување.

 

 

Back to top button
Close