Србинот Самарџиќ на чекор до трансфер во Наполи за 70 милиони евра

Српскиот фудбалски репрезентативец Лазар Самарџиќ е пред трансфер од Удинезе во Наполи за што според информациите кои денеска ги пренесуваат локалните медиуми актуелниот италијански првак ќе издвои 70 милиони евра.

Самарџиќ (21), кој е роден во Германија, ја почна кариерата во берлинска Херта, а во 2021 година дојде во Удинезе од редовите на Лајпциг за сума од три милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи го навестил трансферот со објава на социјалните мрежи на кој под пораката „Добредојде“ е испишан бројот 24, кој Самарџиќ го носи во дресот на Удинезе.

Самарџиќ треба да биде замена за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој на крајот на декември го напушти Наполи и се пресели во Лајпциг.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close