Средба во Вашингтон на Бајден со кинескиот министер за надворешни работи
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Вашингтон, соопшти Белата куќа.
Бајден истакна дека „и САД и Кина мора одговорно да управуваат со конкуренцијата што постои во нивните односи и да одржуваат отворени линии на комуникација“, се наведува во соопштението.
Се додава дека американскиот претседател истакнал дека Вашингтон и Пекинг мора да работат заедно за да ги решат глобалните предизвици.