Српската Алта Банка блиска до Вучич во обид да ја купи Стопанска банка Битола. Даваат 22,8 милиони евра

Српската Алта банка достави официјална понуда за купување на Стопанска банка Битола, по цена за акција од 3.777 денари откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.
Банката од Белград, за која тамошните медиуми пишуваа дека е миленик на претседателот Александар Вучиќ, депонираше ококу 22,8 милиони евра (1,403 милијарди денари) на посебна на посебна сметка во Централниот депозитар наменети за преземање на Стопанска банка Битола, односно за сите 371.538 обични акции
Според проспектот објавен на Македонска берза понудената цена е над просечната постигната на Македонската берза во последните 12 месеци.
Понудата ќе се смета за успешна доколку се продадат најмалку 273.795 акции или 70,03 отсто од вкупно издадените. Тоа би значело дека „преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него“ поседуваат 75% плус 1 акција. Ако, пак, Алта банка дојде до 95 отсто од акциите, тогаш ќе го искористи правото за принудна продажба на останатата количина, согласно Законот за преземање на на акционерските друштва.
Најголем акционер во банката е Пелистерка со 16,99 проценти. Со по 4,99 проценти следуваат Никола Јанковиќ, Јовица Ќурќиќ и Тони Јосифовски; а потоа Ненад Јосифовиќ (4,93%), ДПТУУ Тимох (4,86%), ОРКА Холдинг (4,68%), НЕТ-Електроникс Владимир (4,15%) и Скопски пазар (4,10%). Оваа листа произлегува од акционерската книга со датум од први септември.
„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 65-тата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ М-р Бујаре Абази донесе Решение со кое на “АЛТА БАНКА” АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција.
Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола. При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола“, се вели во објавата од 65-та седница на Комисијата за хартии од вредност.
извор фокус мк