ССМ најавува протести на 2 и 7 април доколку нема зголемување на минималната плата
Ако не најдеме заеднички јазик со Владата за раст на минималецот и за обврските од Колективниот договор за јавниот сектор, големи се шансите да се повтори ланското сценарио и на 2 и 7 април работниците да излезат на улица. Ова денеска го најави првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, кој на прес-конференција ги осуди политичките нападите врз ССМ посочувајќи дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.
„Очекувавме Владата да има разбирање за покачувањето на платите, но наместо тоа добивме ниски удари и напади од политички структури. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координирал со опозициски партии е смешно и трагично“,вели Трендафилов.

Порача дека ССМ преку поддршка од европската и меѓународната конфедерација на синдикати ќе се бори за своите права.
„Нема да дозволиме на никого да го напаѓаат ССМ и да работат со политички наредби во синдикалните организации на ССМ“,
рече тој.
Посочи дека тој не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту е на СДСМ, Левица или ДУИ.
„Јас не сум нивни, ниту на СДСМ, ДУИ. Јас сум на работниците, се додека не стане некој друг. Не сум избран од потрчковци“,кажа претседателот на ССМ.
Според него, сè уште подаваат рака да седнат со Владата и да најдат решение за зголемување за зголемување на минималната плата и за обврските од колективниот договор за јавниот сектор.
„Ако некој смета дека 24 400 денари е доволна плата за работниците во Македонија, како минимална плата под која не може да се исплати ниту една плата, а најниската плата во регионот е 457 евра во Србија, мислам дека ќе треба да ги запалат автобусите и да ги преселат сите од Македонија, нешто што мислам дека треба да ги загрижи апсолутно сите“,вели Трендафилов.
Посочи дека Владата ги повлекла членовите од Комисијата за утврдување на репрезентативност, со цел да имаат изговор да кажат дека платите не треба да се зголемат.
Во наредниот период, Трендафилов најави дека седниците на претседателството на Советот и највисоките раководства на ССМ ќе се одржуваат на отворено.
„Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период пред седниците на претседателството на Советот и највисоките раководства на органите и телета ќе се одржат на отворено и пред работодавачите пред Владата како што досега тоа го правевме на претходната Влада, имајќи в предвид дека во 2022 година токму на таков начин обезбедивме 2 806 денари“,рече тој.