Стафа сега тврди дека не му дал пари на судијата Ристов
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој издржува затворска казна откако призна вина во предметот во кој е обвинет дека како адвокат побарал и зел вкупно 50 илјади евра од сестрата на Љупчо Пецов – Ѓаволот, со цел да му ги даде на судијата Ѓоко Ристов, денеска беше спроведен од затворот „Шутка“ во Кривичниот суд. Стафа беше предложен како сведок на одбраната на Ристов, а иако претходно ја призна вината и се спогоди со обвинителството, денеска во својот исказ негираше дека парите биле наменети за судијата. Рече дека со обвинителството се спогодил „одбирајќи го помалото зло“, бидејќи бил убеден дека нема да излезе жив од затворската ќелија.

Иако, според обвинението, бил фатен како прима 20 илјади евра пред зградата на сестрата на Пецов, Стафа пред судот тврдеше дека парите ги добил како адвокатска награда за застапувањето на Пецов. За дополнителните 30 илјади евра за кои исто така се товари дека ги зел, тој рече дека Пецов му ги дал на заем






