Статуа фест“ со пораки за заштита од Ковид-19

Комуницирајте на дистанца и почитувајте ги протоколи за заштита од Ковид- 19, за здравствените работници малку да се одморат, порачаа учесниците на фестивалот на живи статуи „ Статуафест“ , кој викендов се одржа во Скопје. Актери и улични артисти низ различни актови покажаа повеќе ситуации од запрениот живот со доаѓањето на пандемијата.

Центарот на Скопје винкендов помина во знакот на 4 издание на „ Статуа фест“. На плоштадот и на потегот кон Порта Македонија, 11 актери, пантомимичари и улични артисти, низ 9 „ замрзнати сцени“ го покажаа запрениот живот кај нас со пoјавата на пандемијата со Ковид-19 , од март наваму. Од енормната побарувачка по тоалет хартија,преку музичарите кои останаа без работа и неможноста да се патува во странство, до осиромашените угостители заради затворањето на објектите.

Тоа се само едни од погодените од стравот од короната. Затоа ова е мојот мал затвор. И осиромашени, секако. Затоа е шеширот тука – Дарко Велиќ- пантомимичар и актер.
Но, не сите учесници беа скаменети. Мето Јанакиевски како полицаец и Марија Кондовска во улога на здравствен работник, ги доловија ретките професии кои напорно работат од почетокот на пандемијата, дури и во деновите кога сите граѓани мораа да останат дома.

Треба да се почитуваат мерките за здравствените работници да имаат помалку работа. Да бидат и тие дома со семејствата , да се одморат. Тоа е главната порака – Марија Кондовска- актерка.
Зад организацијата на „Статуафест“ стои здружението „ Театроск“.

Сакаме луѓето преку мерките кои ги покажуваме и кои што се насекаде , да станат уште посвесни и да ги почитуваат заради т.н. втор бран што следува. Имено, постулатот на овој фестивал е тоа дека сите сме исти . Затоа сите артисти се облечени во иста боја. Дека сме табула раза и дека короната не бира и дека нема правила – Милена Цветановска- организатор на „ Статуафест“.
Поради пандемијата, на годинашното издание на „ Статуафест“, изостана учеството на странски артисти, како порано.

Извор: телма

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close