Став на Трифун Костовски во врска со изјавата на Милошоски

Честитки за стратегијата на нашата држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за следните 5 години

Најбитното нешто, во дадениот момент, е тоа што ВМРО-ДПМНЕ е партија која што пред себе поставува временска цел.

Живееме во плурализам, и токму затоа би било најмудро при изготвувањето на ваквата петгодишна програма, да учествуваат сите наши партии, без разлика дали се дел од власта или од опозицијата.

Пораката, на овој мој став, е да се добие консензус за иднината на нашата држава од сите политички субјекти.

Програмата содржи недостатоци, особено во областа на здравството, но ако успееме секој сегмент да се вклопи во една заедничка стратегија од сите политички субјекти во земјава, би имале значително подобрување за подолгорочни временски цели.

Back to top button
Close