Стејт департмент: Министрите за надворешни од Г7 разговараа во Минхен за војната во Украина и за други конфликти

Министрите за надворешни работи на Г7 од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, како и високиот претставник на Европската унија, разговараа за војната на Русија во Украина и конфликтите и нестабилноста во другите делови на светот на маргините на Минхенската безбедносна конференција, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Во соопштението се наведува дека во заедничката изјава министрите ја истакнале својата посветеност да работат заедно за да помогнат во постигнувањето траен мир во Украина и ја потврдиле потребата од развивање цврсти безбедносни гаранции за да се осигура дека војната, откако ќе заврши, нема да започне повторно.

Се додава дека „членките на Г7 ја поздравија денешната дискусија со Андриј Сибих, министер за надворешни работи на Украина“.

Back to top button
Close