Стејт департмент: САД и Србија потпишуваат договор за стратешка соработка во областа на енергетиката

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот помошник секретар за економски раст, енергија и животна средина Хозе Фернандез во среда во Вашингтон ќе потпишат договор за стратешка соработка во областа на енергетиката, соопшти Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Помошникот секретар на САД и министерот на Србија ќе одржат говор на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Србија со цел унапредување на енергетската соработка, се наведува во соопштението.

Фернандез и Ѓуриќ ќе одржат воведни говори пред потпишувањето на договорот.

-Стратешката соработка во областа на енергетиката ќе ги прошири можностите за американските компании да инвестираат во енергетскиот сектор на Србија, вклучително и на промовирањето на американски инвестиции кои ќе ги зајакнат односите меѓу САД и Србија, се заклучува во соопштението.

Back to top button
Close