Стефоска: Дел од проектите од минатогодишните конкурси за национален интерес во културата не се реализирани

Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција информираше дека дел од минатогодишните проекти од конкурсите за национален интерес во културата не се реализрани, посочувајчи дека во текот на последните две недели ги работат пресеците и анализите на реализираните, односно нереализираните проекти, и на средствата што им биле доделени како на националните установи, така и на другите корисници.

– Уште пред две недели побаравме конкретни и точни податоци што е досега реализирано и што реално може до крајот на годината да биде реализирано. Притоа, веќе пристигнуваат информациите и гледаме се уште немаме точна бројка, но гледаме дека дел од проектите што можеле да бидат реализирани на отворено итн. се реализирани, но се разбира дека дел од проектите не можеле да бидат реализирани, рече Стефоска.

Таа истакна дека, од тие причини и исплаќање според склучените договори не оди со онаа динамика што во нормални услови би одела.

– Чекаме да се заврши анализата за да видиме каде е потребно да се дополнат средствата согласно склучените договори, каде не, и каде институциите или корисниците ќе ги вратат парите назад, бидејќи реално нема да имаат можност до крајот на годината да ги реализираат, нагласи министерката за култура.

Back to top button
Close