Стипендии за студии во Италија за академската 2021-2022 година

– Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање стипендии за македонски државјани од Владата на Италија за академската  2021-2022 година.

Како што објави Министерството за  образование и наука, заинтересираните може да аплицираат за следните категории на студии во Италија: Магистерски студии; Студии за високо образование во областа на ликовната уметност, музичката уметност и танцот; Докторски студии; Напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик (три месеци) и Истражувачки активности.

Повеќе информации за аплицирањето се достапни на веб-страниците:  https://studyinitaly.esteri.it  и  www.ambasada.esteri.it.

Апликацијата треба да биде целосно пополнета и пратена електронски заклучно со 13 јули 2021 до 14 часот.

Back to top button
Close