Стоилковски: СДСМ е најголемиот кластер на коронавирусот во земјава

Скопје, 3 јуни 2020

СДСМ е најголемиот кластер на коронавирусот во земјава. Денеска имаше нов пик од 101 заразен граѓанин, жртви на предвременото започнување на кампања на СДСМ и желбата на Зоран Заев за власт.

Ова е графиконот од кој се гледа дека коронавирусот зема замав пострашен од кога било. Последиците од заразата која ја шири СДСМ со нивните партиски функционери се несогледливи.

Владејачката партија во изминативе месец дена на најгруб можен начин го заобиколуваше полицискиот час. Со дозволи за движење извадени од партијата пуштија стотина луѓе да делат поткуп и ја заразија цела држава.

Ова се сликите од кои се гледа како активистите на СДСМ, делат поткуп организиран од Зоран и Вице Заев.

Кога МВР презема мерки и посочи на кршење на полицискиот час Зоран Заев излезе со фејсбук статус да се жали за политички притисок. Зоран Заев лично го кршеше и мотивираше други да го кршат полицискиот час.

Ова се слики од Сања Лукаревска од партиски настан во Куманово, на кои што се гледа како таа дели пропаганден материјал на граѓани дента кога и е дијагностицирана позитивната слика на коронавирус. Стотина граѓани кои што дента биле во контакт со Лукаревска се новите потенцијални заболени.

Мухамед Зекири и Сања Лукаревска се новите Нина Цаца Билјановска. И првиот и вториот пик се поради функционерите на СДСМ. Бројот на луѓето кои биле во непосреден контакт со Лукаревска е над 200 лица. Потенцијал за зараза имаат стотина луѓе од централата на УЈП, како и од скопската дирекција, десетици партиски активисти и други луѓе.

Поради лудоста на Заев за брзи избори, за карантин е половина влада и поголем дел од СДСМ. Страдаат и граѓаните кои што се во комуникација со нив, а бројките растат.

Апелиравме да не се почнува со предвреме кампањата. Ова се последиците на незрелото однесување на СДСМ кои што водени од желбата за власт се спремни да газат и врз живи луѓе.

СДСМ ја носи државата кон буквален пропаст. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close