Столтенберг: Нападот на нуклеарната централа ја покажува заканата од оваа војна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди руските акции во Украина, вклучително и гранатирањето на нуклеарна централа.

„Ги осудуваме нападите врз цивилите и во текот на ноќта видовме извештаи за напад на нуклеарна централа. Ова само ја покажува непромисленоста на оваа војна, важноста да се стави крај и важноста Русија да ги повлече сите свои војници и да се вклучи во дипломатски напори со добра волја“, рече Јенс Столтенберг.

 

Back to top button
Close