Столтенберг за Си-Ен-Ен: Со Русија ни е потребен дијалог

Столтенберг: Решението е во разговорите меѓу Белград и Приштина - МИА

– Односите со Русија се од најголемо значење за НАТО и Алијансата зазема двонасочен пристап кон нив, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Си-Ен-Ен.

-Односите со Русија се од огромно значење за НАТО. НАТО верува во двонасочен пристап кон Русија и состанокот Бајден-Путин е во согласност со тој пристап. Ние мора да бидеме силни во одбраната и во исто време, потребен ни е дијалог со Русија. Русија е наш сосед, треба да разговараме со нив. Дури и ако не гледаме можност за подобрување на односите во догледно време, мора да ги одржиме овие тешки односи, рече тој.

Генералниот секретар на НАТО интервјуто го даде пред разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден, што денеска ќе се одржат во тесен и проширен формат во вила „Ла Гранж“ во Женева.

Back to top button
Close