Стотици германски државни службеници повикуваат на итен прекин на испораката на оружје за Израел

Стотици германски државни службеници испратија отворено писмо до канцеларот Олаф Шолц во кое го повикуваат него и другите министри веднаш да ја прекинат испораката на оружје за израелската Влада.

„Германија мора одлучно и недвосмислено да повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Германија мора веднаш да ја прекине испораката на оружје на израелската Влада“, се наведува во писмото објавено на веб-страницата „Фрајхајтслибе“.

Се додава дека „Израел врши злосторства во Газа кои се во јасна спротивност со меѓународното право, а со тоа и со (германскиот) Устав, кој ние сме должни да го почитуваме како федерални државни службеници и јавни службеници“.

Државните службеници ја критикуваа цврстата поддршка на Берлин за контроверзната политика на Израел на палестинските територии.

Back to top button
Close