Студенти од Суботица и Ниш тргнуваат пеш кон Белград за големиот собир на 15 март

Студентите од српскиот град Суботица денеска пеш тргнаа кон Белград, каде треба да пристигнат до 15 март за кога е најавен голем студентски собир.

Студентот Алекса Срејиќ за Н1 изјави дека тргнале кон Белград во осум часот наутро, а во групата ги има околу осумдесет студенти.

„Првичниот план ни е прва голема станица да ни биде Нови Сад, а претходно во Бачка Топола да ни биде првото ноќевање, потоа Србобран, па да се упатиме кон Нови Сад, пристигнувајќи таму во понеделник. За Нови Сад ќе патуваме три дена“,велат студентите.

Утре, недела, пеш кон Белград најавија дека ќе тргнат и студентите кои ги блокираат факултетите во Ниш. Тие велат дека ќе тргнат на шестдневна протестна прошетка „Ниш си оди, Ниш пристигнува“ до Белград, каде на 15 март ќе се одржи голем протест.

Студентите преку објава на Инстаграм истакнаа дека собирот ќе биде во осум часот во недела кај манастирот Манасија, а маршот ќе го започнат во 10 часот. До Белград ќе одат преку Свилајнац, Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево и Панчево.

„Патување од 193 километри, шест дена заедништво и истрајност! Придружете ни се и бидете дел од овој потфат“велат студентите од Ниш.

Инаку, како што јави Н1, синоќа се одржа вториот генерален штрајк во Србија на кој повикаа студентите во блокада. На протестот пред РТС во Белград, дел од вработените во српскиот јавен сервис ги изнесоа своите барања и ги упатија до раководството. Граѓаните се сретнаа со „Студенти 2.0“ кај зградата на српското Претседателството каде имаше полициски кордон во опрема за разбивање демонстрации

Back to top button
Close