Студентите од Ниш тргнаа пеш кон Белград за протестот што ќе се одржи на 15 март
Студентите од Универзитетот во Ниш тргнаа пеш кон Белград на протестот што ќе се одржи на 15 март, од манастирот Манасија кај Деспотовац.
Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград.
Студентите кои се пријавиле да патуваат до Белград со велосипед ќе тргнат на протестот вo понеделник, на 10 март.
Велосипедистите ќе патуваат по патеката што води од Ниш преку Вукашиновац, Крушевац, Мрчајевци, Чачак, Горњи Милановац, Љиг, Лазаревац и Обреновац, до Белград.
Акцентот на протестот ќе биде нагласување на коруптивните афери во Србија.