Судири долж северната граница на Израел со Либан

Размена на оган меѓу израелските сили и борците на Хезболах изби денеска на повеќе места долж границата меѓу Израел и Либан.

Либанската државна Национална новинска агенција објави дека неколку села биле мета на израелското гранатирање, а едно возило било директно погодено во селото Хула.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Портпаролот на израелската војска изјави дека група вооружени мажи испукале граната кон Израел, по што следел напад со израелско беспилотно летало.

Друга група вооружени лица отвори оган во правец на израелскиот град Маргалиот и израелската армија одговори со напад со беспилотно летало, а портпаролот на израелската војска на платформата X објави дека двете цели се погодени.

За време на денешната посета на северната граница, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Хезболах „одлучил да учествува во борбата“ и дека скапо плаќа за своите ракети и вооружени напади врз израелски воени цели и израелски градови на север.

Најмалку 14 членови на Хезболах беа убиени во израелската одмазднички напади во јужен Либан во изминатите две недели.Убиени се и петмина палестински екстремисти и неколку либански цивили и еден новинар, пренесува Бета.

Најмалку шест војници и еден израелски цивил загинаа во Израел.

Back to top button
Close