Судот го казни Мерко со пет илјади евра за спомен-обележје на влезот на општинската зграда

Парична казна во висина од 5.000 евра му изрече денеска Струшкиот основен суд на поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко за незаконско поставување спомен-обележје, плоча на влезот на општинската зграда. Со поставувањето на плочата, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Судот, како што истакна на денешното рочиште судечкиот судија Јордан Јованов, оцени дека постои одговорност кај обвинетиот за кривичното дело што му се става на товар. За случајот, нагласи, се воделе две постапки, од кои едната била прекршочна, меѓутоа таа се поврзува со незапазување на процедурата за подигнување на спомен-обележјето и за неа е издаден прекршочен платен налог, меѓутоа тоа се однесува на какво било спомен-обележје, вклучително и на оние што не поттикнуваат или разгоруваат верска и етничка омраза.

Повеќе

Back to top button
Close