Судот во Хонг Конг на казни до 1,5 година затвор осуди повеќе активисти од продемократското движење

– Судот во Хонг Конг денеска му зададе нов удар на продемократското движење, осудувајќи неколкумина опозициски фигури и активисти со затворски казни до 18 месеци, јави ДПА.
Меѓу осудените е и медиумскиот магнат Џими Лаи, кој доби казна од една година.
Судот во Западен Колун им изрече затворски казни на девет лица, сите обвинети за организирање и учество во неовластените протести во 2019 година, во кои стотици илјади лица мирно демонстрираа низ градот.
Меѓу осудените е и Мартин Ли, понекогаш нарекуван „татко на демократијата“, кој беше осуден на 11 месеци затвор, како дел од двегодишната условна казна, јкавива ДПА.
Активистот Леунг Квок треба во затвор да мине 18 месеци, додека поранешниот парламентарец Ли Чеук-јан е осуден на една година затвор. Двајца други поранешни пратеници, Сид Хо и Ау Нок-хин, добија по осум, однсоно 10 месеци затвор.
Другите активисти добија условни казни.
Властите во Хонг Конг се повеќе го користат новиот Закон за безбедност за да ја сузбијат сета опозиција во градот, а фокусот го стават врз движењето за демократија.
Лаи, основач на независниот весник „Епл Дејли“, се соочува со уште едно обвинение за кршење на овој безбедносен закон, вклучувајќи и за заговор со странски сили, јави радиодифузерот РТХК.
Амнести Интернешнл побара итно ослободување на затворениците.
-Неоправданото судење, пресудите и високите казни ја нагласуваат намерата на владата на Хонг Конг да замолчи какво било политичко спротивставување, изјави Тереза Бергман од Амнести.






