Свечља: Казнувањето на екстремистите е гаранција за неповторување на нападите во северно Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, изјави дека криминалците мора да бидат казнети за да не се повторат нападите како оние во северно Косово минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба со шефицата на тековните операции – Оддел за операции на Генералштабот на НАТО, Ариела Виехе, Свечља изразил загриженост поради, како што пишува на неговата страница на Фејсбук, „деструктивното однесување на Србија“.

На средбата се разговарало за безбедносната состојба во Косово, со акцент на северот на земјата, населен со мнозинско српско население

Back to top button
Close