Свечено отворен ракометниот Мундијал во Египет

Без присуство на публика поради пандемијата на Ковид-19 вечерва во Каиро свечено е отворено 27-то Светското првенство во ракомет.

На свечената инаугурација во спортскиот комплекс во непосредна близина на стадионот во Каиро, присуствуваше и египетскиот државен врв, предводен од претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.

Свечената химна на Мундијалот, што по вторпат во историјата се одржува во Египет, ја изведе големата египетска музичка ѕвезда, поп пејачот Тамер Хосни.

Натпреварувачкиот дел на Светското првенство започнува вечерва со мечот меѓу домаќинот Египет и Чиле во рамки на Г-групата, во која македонската репрезентација утре игра против Шведска.

Back to top button
Close