Светот веќе полуде?!
По Украина и по Трамп-2, светот нема веќе да биде тој истиот што бил речиси 80 години. Бројни анализи овие ситуации ги нарекуваат жив доказ како под тој пекол што се приповедува од религии, постои уште еден друг пекол многу подлабок и многу пожежок, кон кој доброволно претендират милијарди луѓе. Луѓе кои се борат за да станат „робови“ на една импресивна современа електроника и роботика, кои успешно го заменуваат досегашниот Бог. Луѓето сега самите создаваат нивни „богови“ и ритуално се радуваат на таквото ново боженство. Сега веќе е очигледно дека кај нас најскапи стана токму евтините луѓе. Заедно со Мајка Тереза умре и нејзината хумана изрека „Дури и мајката да го заборави своето дете, јас нема да го заборавам“.
Сега е импресивно е како новиот бог по телефон промовира своја криптовалута, и за час со помош на бројни робови „спечалува“ милијарди долари, додека низ неговата држава милиона луѓе се бездомници, речиси 50 милиони немаат никакво здравствено осигурување, а над 15 милиони цело време стравуваат од депортација. Во другиот дел на планетата, во војната меѓу Русија и Украина загинаа милиона луѓе само за да се сочува суетата на “богот“ Путин. Но, модерните водачи само што го искористат еволуираниот ментален код на обичниот современ човек кој доброволно е претворен во модерен роб, верен на свojот фараон. Чудно како во денешен свет најскапи стана токму евтините луѓе.
Но, за претседателот Трамп ова е само обичен ритуал во неговиот концепт како треба да изгледа идеалната американска држава. Деновиве Трамп се обрати на Економскиот форум во Давос каде истакна дека „златната доба на Америка“ само што не е започната! Тој во детали се фокусирал на главното протекционистичко оружје, во форма на царинска војна, која за некои изгледа како гладијаторска. За едни „еден против сите“, а за други „сите против еден“!
Бројни експерти се на мнение дека царинските давачки предизвикуваат двојна штета, како за тие што ги наметнуваат, така и на целиот свет. Цената за нив ја плаќа секој граѓанин на светот, односно огромното мнозинство од населението на планетата, кое се повеќе оди кон сиромаштијата, со цел грст луѓе да прави лудо богати. Ова несомнено ќе им наштети и на многу други сегменти во планетава. Критичарите на огромното збогатување на едни поединци во светот тоа го третираат како доброволен однос меѓу фараонизмот и ропството!
Факт е дека последниве години во бројни демократии силно и неконтролирано се развива дива плутократија, која има желба да има свој приватен сателит, приватен народ и приватна држава, со тенденција да се има и приватна планета! Технолошки змејови од научно-фантастични филмови ни тропаат на вратата. Тука стана реалност само еден зрак светлина да исчезне за да настане тотален мрак. Всушност, царините не ги штитат слабите на кои им треба заштита, туку силните за да станат уште посилни. Значи, оправдано бројни експерти се на мислење дека сега имаме работа со своевидна балканизација во светските економски и политички односи.
ЕУ паѓа во втора лига, се раѓаат нови сојузи!
Трамп најави дека ќе инвестира 500 милијарди долари за 4 години за изградба на центар за вештачка интелигенција со поддршка на инвеститори од Абу Даби и Јапонија, со што ќе се отворат над 100.000 нови работни места. Од старт, неговата моментална десна рака Илон Маск тоа го смета за нереално. Но, Трамп е на мислење дека тоа значително ќе го зајакне влијанието на моќните американски компании во светот, бидејќи вештачката интелигенција е следниот сигурен чекор кон светската доминација. Се зборува за зголемување на производството на нафта во САД, кое ќе биде по високи еколошки стандарди. Екипата на Трамп е фокусирана врз три главни сегменти – технолошки иновации, енергија, и сосема нов производ. Не случајно меѓу многуте декрети што Трамп ги потпиша (но, и што ги укина), беа создавањето на сосема нови технолошки модели и нови пазарни производи. Тоа несомнено ќе ги ослаби малите и средни компании и лесно ќе доведе до уште поголема концентрација на капиталот и моќта во многу потесни слоеви од американско општеството, што би довело до дополнитено, а и опасно раслојување на американското општество. За жал, ЕУ е надвор од ваква игра и нема соодветна политичка инфраструктура за да се спротивстави.
Трамп во Давос изјави дека подготовките за разговорите за Украина се во тек, иако не кажа што точно се прави моментално. Тој изрази желба наскоро да се сретне со Путин, но се закани и со дополнителни санкции. Првин, САД би ја намалиле цената на нафтата и на другите енергетски ресурси, со цел да ослабне главниот финансиски столб на рускиот извоз на светскиот пазар. Мисли дека тоа ќе го натера Путин на компромис. Веќе има неформални средби за Украина на пониско ниво кои се одржуваат во Оман и Бахреин. Ако не се успева со преговори, веројатно САД би одобриле авиони Ф-16 за Украина, што многу може да смени на терен. Ова е исклучително сериозна закана за Русија. Значи, може да се каже дека има разговори, но не и преговори. Сега проблемот е каде Трамп и Путин би можеле да се сретнат, бидејќи за Путин има налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд. Второ, која е прифатливата точка на компромис имајќи предвид дека Русија веќе контролира околу 20% од украинската територија. Но, сепак во крајна линија САД повеќе се заинтересирани за Панамскиот канал отколку за Украина. Меѓу овие крајности е и горливата желба на Трамп за да добие „Нобелова награда за мир“.
Но, реално односите меѓу САД, ЕУ и светот станаа ептен комплицирани. САД се повлекоа од Парискиот договор за борба против климатските промени, со цел да користат фосилни горива, но и за фокусирање кон нова еколошка методологија. Таа излезе и од ОЕЦД поради царини. Таа ја напушти и Светската здравствена организација, бидејќи плаќа многу повеќе од Кина која има 1,5 милијарди жители. Сега и Светската тровска организације е под голема закана. Утре можеби дури и НАТО каде САД бара од членките да платат 5% од БДП што би предизвикало уште поголема инфлација во Европа.
Саудиска Арабија светска сила?!
САД, со Трамп на чело, се чини дека го напуштаат европското партнерство, стремејќи се кон нови алтернативи. Планот што го има најверојатно ќе ја зајакне развојната оска САД-Саудиска Арабија. Таквата силна оска би транзитирала низ Италија, Албанија, Грција Турција и Израел, создавајќи монополска точка за поврзување на три континенти (Азија, Европа, Африка). Трамп лично ги најави саудиските инвестиции во САД по разговорите со најмоќната личност на Блискиот Исток, наследникот на саудискиот престол, Мохамед бин Салман, за инвестиции во САД во вредност од најмалку 600 милијарди долари, особено во купувањето акции во многу американски силиконски стартапи, кои се поврзани со проекти за вештачка интелигенција. Очигледно ова е само почеток на еден нов глобален проект. Планирано е соработката меѓу САД и Саудиска Арабија да ја надмине вредноста од неколку трилиони долари, со цел новиот сојуз да се спротивстави на кинеската економска експанзија во светот, која сега првенствено се одвива преку нивниот гигантски проект „Roud and Bellt“. Исто така, оваj сојуз со Саудиска Арабија дополнително би ја ослабел улогата на Иран и Русија во светот.
Кога ја спомнавме Италија, со доаѓањето на Трамп, италијанскиот „ФИАТ“ како прв бренд на „Stellantis“ најави префрлање на производството во САД, каде што во соработка со многу компании ќе произведеле најпопуларни модели за сериозна конкуренција на кинеските производи на електрични автомобили. Но, таму дури се очекува да се произведуваат и возила со фосилни горива кои нема да ја загадуваат животната средина.
Саудиска Арабија е многу заинтересирана за воен сојуз со САД, кој би ѝ гарантирал безбедност и спокојство во Персискиот залив (особено за контрола над Ормускиот теснец) во однос на Иран. Во исто време, тоа ќе ги исчисти јеменските Хути на својот запад, и да воспостави долгорочен мир меѓу Израел и Палестина. Овој сојуз со САД, на Саудиска Арабија ќе ѝ даде силна контрола и над пловидбата низ теснецот Баб ал-Мандаб, Црвеното Море и Суецкиот канал (каде што јеменските Хути сега предизвикуваат многу проблеми). Во исто време, се предвидува дека околу брегот на Црвеното Море, Саудијците и нивните сојузници да инвестираат тешки милијарди долари во развојот на целогодишен модерен туризам во Црвеното Море.
Саудиска Арабија планира во рок од три години да инсталира фантастична железничка мрежа со возови над 400 км/час, па дури и до 1000 км/час. Целта е Саудиска Арабија да стане водечка сила во целиот исламски свет и пошироко. Ова значително ќе го зајакне сојузот што сега веќе на голема врата се создава меѓу Саудиска Арабија од една страна како лидер на исламските земји и Турција, Египет и Индонезија од друга страна. Италија, Албанија и Грција исто така ќе играат важна улога, особено во повеќе регионални инвестиции од новата групација. Италија, Албанија и Грција би биле своевиден транзит меѓу земјите на ЕУ и новото светско групирање. Инвестициите во Драч и островот Сезан, каде што тешка инвестиција ќе има и зетот на Трамп – Кушнер, се првите од низата други инвестиции во регионот.
Мерсел Биљали