Светската атлетика ќе ги исклучи трансродовите жени од женските натпреварувања


Светската атлетика одлучи да ги исклучи трансродовите жени кои поминале низ машки пубертет од женските натпревари, јави Скај Њуз.

Претседателот на телото, лордот Себастијан Коу, рече дека е преземена „одлучна акција“ за „да се заштити женската категорија во нашиот спорт“.

Лордот Коу на прес-конференција во Монако рече: „Советот се согласи да ги исклучи трансродовите спортисти кои од мажи станале жени а поминале низ машки пубертет, од натпреварувањата за светско рангирање на жените, почнувајќи од 31 март.

– Во јануари, Светската атлетика соопшти дека се консултира со федерациите-членки за предлогот за промена на правилата за учество на трансродовите жени во женски натпреварувања. Прашањето е трнливо бидејќи спортот се обидува да постигне рамнотежа помеѓу инклузивноста и осигурување дека никој нема неправедна предност, појасни тој. ссм

Back to top button
Close