СВР Битола: Граѓаните утре да се воздржат од користење возила на Пелистер

Во недела на 22.12.2024 во 11:00 часот ќе се организира предновогодишен панаѓур на Пелистер, од страна на Националниот парк Пелистер.

СВР Битола апелира до граѓаните да се воздржат од беспотребно користење на патничко моторни возила на тој патен правец, бидејќи од страна на организаторот е обезбеден бесплатен автобуски превоз и тоа:

  • 10:15 часот поаѓање од Атпазар, Шехерзада, Црн Мост
  • 10:15 часот поаѓање од Мост Довлеџик,Спортска сала, Болница, Новиот пазар,

Враќањето ќе биде во 15:30 часот.

СВР Битола апелира до сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот од Битола и од околните градови, да го користат бесплатниот јавен превоз со цел да се избегне сообраќајниот метеж и да се овозможи непречено одвивање на настанот, и да се следат насоките на полициските службеници.

Back to top button
Close