СВР Битола, СВР Охрид, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Велес поднесе кривични пријави против повеќе лица
СВР Битола, СВР Охрид, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Велес поднесе кривични пријави против А.Р.(34) од Дебар, И.Х.(48) од Струмица, И.Х. (20) од Неготино, В.С. (69) и Т.Ј. (38) од Тетово, З.В. (61), З.П. (48), П.Д. (42), А.Ф. (25), С.С. (67), М.Ј. (48), Ј.П. (37) од Скопје, Д.Р. (40) од Гостивар, И.С. (50) од Делчево, М.М. (50) од с. Лабуништа, С.М. (47) од Битола, А.Т. (43) и Д.Т. (41) од Битола и М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 10.04 до 16.05.2021, без дозвола за движење се движеле за време на ограничувањата дадени од страна на Влада на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица.