СВР Тетово: Малолетничка била однесена во шума и вознемирувана
СВР Тетово соопшти дека е пријавен случај на вознемирување и недозволиво допирање на малолетно лице, во кој, според наводите, е инволвиран Х.И.

Според пријавата од 22-годишна жителка на тетовско, во повеќе наврати тој ја вознемирувал нејзината малолетна сестра, а во еден случај ја навел да влезе во неговото возило и ја однел во шумски предел, каде што ја допирал по телото.
Подоцна, како што е пријавено, во парк во Тетово се обидел со сила да ја внесе во возило, но бил спречен од нејзини пријатели
За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.






