СЗО: Ситуацијата со коронавирусот глобално се влошува, иако во Европа е подобра

– Ситуацијата со коронавирусот во светот се влошува, иако се подобрува во Европа, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.

Според податоците на СЗО, бројот на заразени лица во светот надмина седум милиони, додека досега умреа речиси 400.000 лица.

Гебрејсус предупреди дека во последните денови се пријавуваа по повеќе од 100.000 нови случаи дневно и посочи дека вчера биле регистрирани дури 136.000 нови случаи, пренесе Тасс.

-Речиси 75 отсто од случаите вчера беа од 10 држави, претежно во Северна и Јужна Америка и Јужна Азија, рече Гебрејсус, додавајќи дека бројот на нови случаи се зголемил и во африканскиот регион, каде вирусот се јавува во нови области.

Тој изјави дека е забележано зголемување на бројот на нови случаи во одредени делови на Источна Европа и Централна Азија.

Тој, исто така, рече дека охрабрува што од повеќе земји во светот доаѓаат „многу позитивни знаци“.

Оцени дека најголема закана е „чувството на задоволство“ во одредени земји.

-Повикуваме на активен мониторинг за да не се врати вирусот, особено кога станува збор за масовните собири, што повторно почнуваат во одредени земји, истакна Гребрејсус. сд/

Back to top button
Close