СЗПМ: Пензионерите да ги почитуваат мерките, автобускиот превоз да се користи само кога е неопходно
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/szpm-penzionerite-da-gi-pochituvaat-merkite-avtobuskiot-prevoz-da-se-koristi-samo-koga-e-neophodno.jpg)
– Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) денеска испрати апел до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење на маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца.
Автобускиот превоз, како што посочува Сојузот, пензионерите да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно.
-Исто така, се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти: банки, пошти, маркети… предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво, се наведува во соопштението на СЗПМ.