Тајван и САД ги одржаа првите разговори за царините
Тајванските власти вчера ги одржаа првите разговори за царините со американски официјални лица, објави денеска тајванската влада.
Двете страни разменија мислења за меѓусебните царини меѓу Тајван и САД, нетарифните бариери во трговијата и низа други економски и трговски прашања, вклучително и контролата на извозот, се наведува во соопштението на тајванската канцеларија за трговски преговори.
Преговорите се водеа преку видео конференциска врска.