Tаксата ќе ги поскапи струјата и парното:„Ако не се договориме со Бугарија, ќе одиме на суд“


Македонија нема да се откаже од барањата за ослободување на капацитетите за гас, порача премиерот Ковачевски. Не ја исклучува ниту можноста правдата да се бара и пред меѓународните судови. Тој додаде дека со таксата наметната од Бугарија, не само што ќе поскапи парното, туку ќе поскапи и струјата за 20 проценти.

„Нема да се откажеме да бараме ослободување на капацитетите и нема да се откажеме да бараме таа такса да не важи, затоа што се работи за неправедно наметната такса која што нема ништо со пазарни принципи и која што нема ништо заедничко со директивите на ЕУ. И ако треба тоа ќе го направиме и пред меѓународни судови“ рече Ковачевски.

Министерот Битиќи објасни дека бараат од Бугарија да го ослободи гасоводот од овој закуп, за да може во земјава да се внесе енергенсот и преку други извори, со што би се избегнала давачката.

„Ние лани успеавме да ослободиме околу 180 милиони нормални метри кубни, но нашата потрошувачка е 400 милиони затоа ние бараме да се ослободат количините да можеме да се снабдуваме од други извори, како што се снабдуваме за овие 180 милиони со азербејџански гас и со гас кој доаѓа од САД “изјави Крешник Бектеши – министер за економија.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од речиси 1,2 милијарди евра.

Back to top button
Close