Талески кариерата ја продолжува во Унгарија

Македонскиот ракометар Филип Талески во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на унгарскиот клуб Татабања. Унгарскиот тим Талески го претстави како засилување. Играчот доаѓа како слободен агент.
Левиот бек по заминувањето од Вардар тренираше индивидуално, а сега ќе има неколку недели заеднички подготовки со играчите од новиот клуб до продолжението на унгарското првенство односно по завршувањето на Европскиот шампионат. Во редовите на Татабања истакнуваат дека се работи за играч со искуство и пред играч кој може да игра во „два правца“.
Пред Татабања, Талески има настапувано во странство во Германија (Рајн Некар-Левен и Балинген) и Португалија (Бенфика), додека во македонските клубови има настап во Металург и Вардар.
Талески беше постојан репрезентативец до последните три големи натпреварувања.






