Талибанците ги повикуваат САД да останат посветени на договорот од Доха

Талибанците во Авганистан го повторија својот повик за повлекување на сите странски сили до 1 мај, датумот предвиден во таканаречениот договор од Доха со САД од минатата година, јави ДПА.

„Исламскиот емират во Авганистан бара повлекување на сите странски сили од нашата татковина на датумот наведен во Договорот од Доха“, напиша на Твитер портпаролот на талибанците Забихула Муџахид.

Ова е прва официјална реакција на талибанците откако американските власти рекоа дека претседателот Џо Бајден сака да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември.

„Доколку се прекрши договорот и странските сили не успеат да излезат од земјата на наведениот датум, проблемите сигурно ќе се зголемат и оние што не успеале да го почитуваат договорот ќе бидат одговорни“, додаде Муџахид на Твитер.

Back to top button
Close