Талибанците го зазедоа главниот граничен премин помеѓу Авганистан и Таџакистан

Талибанците денеска ја презедоа контролата над граничниот премин помеѓу Авганистан и Таџакистан, како и над областите коиводат до градот Кундуз.

Талибанците го зазедоа преминот Шри Кан, што го поврзува Авганистан со централна Азија, а е лоциран на 50 километри северно од Кундуз.

Од 1 мај десетина окрузи се под контрола на талибанците откако почна повлекувањето на американските и војниците од земјите-членки на НАТО од Авганистан.

Back to top button
Close