Таравари: Би прифатиле во влада со ДУИ само ако Зибери е премиер

Алијансата за Албанците би прифатила да биде дел од новата Влада заедно со Демократската унија за интерграција (ДУИ), само доколку мандатар биде Насер Зибери, во сите други случаи се за ДУИ да отиде во опозиција.

Ова за Телма го вели Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците кои на изборите настапија заедно со Алтернатива и освоија 12 пратенички мандати.

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари

Back to top button
Close