Таравари: Да се споредуваат Ратко Младиќ и Хашим Тачи е перверзија

За затворските казни за екс-лидерите на ОВК, лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари смета дека не треба да се споредуваат случаите меѓу нив со пресудата за сега веќе починатиот Ратко Младиќ.

-Веќе поминаа четврт век од тие настани. Да се споредуваат Младиќ и Тачи, мислам дека е перверзија. За едниот знаеме само за Сребреница што се случи, не за друго, а за Косово никогаш немало таков настан. Веќе се знае за сите проблеми што настанаа во бившите југословенски републики, главниот виновник беше Слободан Милошевиќ. И историја така пишува. Тоа е генерална констатација, рече Таравари во емисијата „Само интервју“.

 

Back to top button
Close