Таравари најави 1.800 вработувања во здравството до крајот на 2025

Министерот за здравство, Арбен Таравари најави нови 1.800 вработувања во здравството до крајот на 2025 година. Според министерот, има 600 специјализанти за кои вели дека не ги знае – ниту од каде се ниту од која етничка припадност, од кои 300 ќе бидат примени сега и уште 300 до декември 2025.

-Не ги знам од која партија се. Едноставно сите што аплицирале и најавивме 1.180 вработени во клиниките и болниците кои што работат на договор на дело. За овие знаеме каква е етничката структура, но тоа е ирелевантно. Штом клиниките и болниците бараат тие луѓе да бидат вработени, значи вредат тие луѓе и ќе бидат вработени. Затоа тече иницијатива, рече денеска Таравари.

Дообјасни дека меѓу договорците има Македонци, Турци, Власи, Роми и од сите националности што живеат во земјава. Бара концентрацијата да биде дали тие луѓе вредат и заслужуваат да бидат вработени.

За изјавите на неговиот коалициски колега од ВЛЕН, Изет Меџити за вработувања на Албанци во администрацијата, Таравари вели дека говорел за вработувања во здравството и дека ирелевантно е колкумина ќе бидат Македонци, Албанци или Турци.

Од СДСМ обвинуваат за политички договор во владината коалиција за робустно полнење на јавната администрација со партиски послушници. Бараат одговорност, Антикорупциска да отвори истрага.

Владиниот партнер од ЗНАМ министерот за администрација Минчев претходно веќе реагираше дека Меџити се однесува како „Алиса во земјата на чудата“. Во одговор на Минчев, Меџити само потсети дека правичната етничка застапеност на Албанците во институциите е уставна категорија, за која рече дека мора да се почитува, и нагласи дека Владата веќе презела мерки за трансформација на работниот однос на околу 1.500 лица во здравството, од кои 750 се Албанци

Back to top button
Close