Таравари: Села и Тачи стојат пред вратата на Владата – реакција на крилото на Села: Кога вазалот обвинува за постапките што сам ги прави

Често од своите противници беше критикуван дека не стои на зборот и дека едно зборува наутро, а друго прави навечер, но Арбен Таравари со одговор.

„Слушајте, 2024 … ги гледате Села, Мендух – стојат пред вратата на Владата. Јас во 2024 излегов од Владата, нели бевме во Владата?! Излегов за да направам промена, ги оставив бенефициите. Минатата година, мај 2025, бев министер за здравство, за себе ми беше мирно, супер, перфектно. Дали има нормален човек што ја остава таа позиција?“ – вели Арбен Таравари, претседател на АШ.

„Јас излегов од Владата за да средам, некои луѓе за кои мислев дека можат да напредуваат во партијата, да освојат некои општини и што повеќе да ја развијат партијата, но има и такви луѓе што за една позиција прават сè … убаво видов колку гласови доби Азир Алиу во Гостивар“, вели Арбен Таравари, претседател на АШ.

Реагираше крилото на Зијадин Села преку соопштение за медиумите.

„Арбен Таравари, синоќа, наводно го обвини претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, дека стои пред вратата на Владата чекајќи да стане дел од неа. Најдобриот одговор му го дадоа граѓаните кои преку коментари и на други начини го потсетија на сите контроверзни и смешни постапки и изјави. Таков беше и вчера, бидејќи самите ставови на неговата коалиција на лидерската средба и барањето за нова средба меѓу Ахмети (кој го претставуваше и Таравари на средбата) и премиерот Мицкоски, не се ништо друго освен стоење пред вратите на Владата“, велат од Алијанса за Албанците – крило Села.

 

Обвинувањата и контраобвинувањата меѓу двете крила на Алијансата за Албанците се чести уште од моментот кога на Таравари и Села им се разделија патиштата. Дури имаат и судска постапка околу тоа кому му припаѓаат партиските печати, но до овој момент сè уште нема конечна судска одлука.

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close