Таравари: Шест месеци за уставните измени, ако не, ќе го преиспитаме нашето учество во владата

Актуелен член на коалицијата ВРЕДИ – градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари синоќа во емисија на ТВ21 рече дека доколку во случај уставните измени не се донесат во период од 6 месеци, ќе размислат за своето учество во Владата.

– Ни требаа 10 години ВМРО и ДУИ, без услови, без ништо, да се изгубат, 10 години за да станат дел од НАТО. ВРЕДИ е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени. Тоа е услов – кажа Таравари.

Според него, досега со ВМРО-ДПМНЕ не е разговарано за поделба на ресори и кадровски решенија и ги отфрли како шпекулации информациите во медиумите дека барале одредени министерства.

Според Таравари, Договорот со Бугарија е затворена работа, исто како и Охридскиот рамковен и Преспанскиот договор. Тој смета дека не во 2030, туку во 2028 година Македонија има реална шанса да влезе во ЕУ.

За употребата на името Македонија рече:

„Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања“ рече Таравари

Back to top button
Close