Ташкент домаќин на СП во бокс во 2023

Светското првенство во бокс за мажи во 2023 година ќе се одржи во главниот град на Узбекистан, Ташкент, соопшти денеска Меѓународната боксерска федерација (AIBA).Веста за доделувањето на организацијата на Светското првенство на Ташкент ја потврди првиот човек на AIBA, Русинот Умар Кремљев, при денешната посета на Узбекистан.

Годинава Светското боксерско првенство ќе се одржи во Белград од 26 октомври до 6 ноември.

Српската престолнина ја доби организацијата како замена за Индија, која ја откажа организацијата поради неподмирување на задолжителната финансиска гаранција.

Back to top button
Close