Татко и син се обиделе да силуваат жена во нивниот локал во Леуново
Татко и син од Гостивар се уапсени откако 33-годишна жена ги пријавила дека се обиделе да ја силуваат во нивниот угостителски објект во гостиварското село Леуново, соопшти Министерството за вантрешни работи.

„На 11 август во 13:30 часот полициски службеници ги привеле П.А. (86) и Б.А. (60), двајцата од Гостивар. Претходно, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека сопственикот на објектот Б.А. и неговиот татко П.А. физички ја нападнале и се обиделе да извршат сексуален напад врз неа“ соопшти МВР.
Двајцата се задржани во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава






