Таткото на 7-месечното бебе што почина е разочаран од Таравари и ќе ја тужи Детска клиника: Ме боли што не го хоспитализираа Дамјан во понеделникот
Таткото на 7-месечното бебе што почина откако не беше хоспитализирано на Детската Клиника во Скопје, Влатко Трпкоски за „Слободен печат“ вели дека е разочаран од министерот за здравство Арбен Таравари поради неговата денешна изјава дека „за среќа стручна комисија констатирала дека кај лекарите нема никаква лекарска грешка“ за смртта на бебето Дамјан.
-Јас детето го изгубив. Како може да кажува „за среќа“. Зошто не беше примено детето во понеделникот кога го однесов во болница со осип и блага температура и кога имаше шанса да се спаси, туку дури во средата? Зошто во понеделникот кога го однесов син ми не испитаа што му е, туку не испратија дома? Зошто не викнаа дерматолог, инфектолог? За пет дена ми го снема детето а министерот кажува „за среќа”.
…