Таткото на детето-убиец Коста К. го менува личниот опис. Сакал да шета слободно?

Таткото на Коста кој е во притвор од 3 мај денот кога неговиот 13 годишен син направи невидено злосторство убивајки 10 соученици и чуварот на училиштето во Белградското учичиште Владимир Рибникар, според извори на српски медиуми ослабел цели 30 килограми,bја избричил брадата и полека со менување на личниот изглед се подготвувал кога ќе излезе да шета слободно низ Белград.

-Имав прилика да го видам кога го приведуваа, беше висок и поприлично крупен човек. Сега пак го видов во затворот и човекот е преполовен, ослабел 30 килограми и не личи на себе – изјавил изворот на република.рс.

Инаку Владимир Кецманович пред извесно време побарал во затворот да му донесат нотар за да го овласти неговиот имот да го префрли на некој од роднините но вишиот суд во Белград тоа го забранил.

Медиумот претпоставува дека обидот да го префрли имотот и ослабувањето и бричењето на брадата таткото на детето убиец ги правел за да се подготвел слободно да шетал низ улиците во Белград кога ќе бил пуштен од притвор. Но од вишиот суд во Белград коментирале дека неговото излегување нема да биде така брзо и дека тој бидејќи неговиот син кој има 13 години не може кривично да одговара, одговорност ќе има таткото и според законот може да добие долгогодишна казна затвор.

Back to top button
Close